Модно тркало за комбинирање бои - никогаш нема да погрешите
Кога станува збор за мода, една од најтешките работи е комбинирањето на боите. Но, постои трик што многу ќе ви помогне во ова.
Станува збор за користење на таканареченото тркало со бои, каде што боите се поставени според нивната положба на електромагнетниот спектар.
Тркало со бои
Важно е да знаете дека боите на тркалото се поделени во три групи:
Примарни: жолта, црвена и сина. Ова се основни бои кои не можат да се добијат со комбинација од другите.
Секундарни: портокалова, зелена и виолетова. Овие бои се добиваат со мешање на примарните бои.
Терцијарни: Овде спаѓаат сите останати нијанси кои се добиваат со мешање на примарните и секундарните бои.
Контраст
Контрастот има голема улога во модните комбинации. На пример, облеката со помал контраст, како Леонардо на фотографијата, ја перципираме како посериозна. Од друга страна, поголемиот контраст ја прави комбинацијата покреативна и позабавна, но помалку професионална.
Црната и белата се секогаш добар избор
Кога немате време да комбинирате бои, никогаш нема да погрешите со црно-бела комбинација.
Црната никогаш не излегува од мода и е погодна и за деловни, и за секојдневни комбинации. Истото важи и за белата, која најдобро изгледа во топлите денови.
Ладни и топли бои
Сините, зелените и виолетовите нијанси спаѓаат во ладни бои, и најдобри се за постудените месеци. Овие бои изгледаат и попрофесионално, па се одлични за деловни комбинации.
Топли бои се нијансите како црвена, жолта, портокалова, кафеава, златна … Најдобро изгледаат во потоплите месеци.