Кој го наследи Карл Лагерфелд и како изгледаат луѓето кои стојат зад популарните модни брендови?
Дури и да не ја следите модата, сигурно сте слушнале за брендовите како Dior, Chanel и Balenciaga.
Можеби добро ги знаете и нивните креации, но сте се запрашале ли кои дизајнери се кријат зад нив?
Повеќето ги знаат дизајнерите како Донатела Версаче, но за другите брендови работат многу помалку познати дизајнери, кои сепак заслужуваат признание.
Погледнете како изгледаат дизајнерите на брендираните модни парчиња кои сите ги посакуваат:
Ентони Вачарело – Yves Saint Laurent
Ентони некогаш сакал да биде адвокат, па дури и почнал да учи за тоа. Но, по само една година се премислил и решил да ѝ го посвети животот на модата. На 34-годишна возраст, тој стана главниот дизајнер за Yves Saint Laurent.
Марија Грација Чури – Dior
Во 2016-та, Марија стана креативниот директор на Dior. Интересно е што таа е првата жена што ја добила оваа позиција – дотогаш, со компанијата управуваа само мажи.
Џон Галијано – Maison Margiela
Пред да стане дизајнер за Maison Margiela, Џон цели 16 години беше креативен директор на Dior. Дефинитивно, тој е дизајнер со импресивно искуство.
Виржини Виар – Chanel
Виржини ја започнала кариерата во модната индустрија како асистент на дизајнер за костуми. Во 1987-ма добила работа во Chanel, каде што станала експерт за везови. Во 2019-та, по смртта на Карл Лагерфелд, таа стана новиот креативен директор на модната куќа.