Убиствени штикли од Нина Ричи
Штикливе изгледаат фантастично, се додека седиме. Колку и да се убави моделите, ако се многу високи се вистинско мачно задоволство. Но, сепак, жените...
...ги следат трендовите на „убиствените штикли“, а дизајнерите само додаваат сантиметри на петиците.
Колку високо можеме да одиме?
Сè започнало невино. Пред околу 10 години се носеа чевли на потпетица која ретко преминувала елегантни 8 сантиметри.
Ги носеа девојките во „Сексот и градот“ во дневни комбинации, а ни открија и дека одлично прилегаат за коктел забавите. Со тек на време практичноста и удобноста ја загубија битката од секси изгледот.
Дизајнерите почнаа да експериментираат. Лубутин ги зголеми своите штикли на 12cm. Кратко после тоа додаде уште 2cm. А, како и секогаш, и останатите дизајнери започнаа да го средат овој тренд.
Од тогаш, манекенките на ревиите на Ив Сен Лорен мака мачат со 15cm високи чевли и овие модели се продаваат навистина добро.
Но, модата отиде чекор понапред. Креаторите ги претворија чевлите во вистински уметнички дела од кои ќе ви застане здивот. Често на мета е токму штиклата – висока, тенка, со различни облици кои не се како досегашните.
Чевлите на дизајнерската куќа Нина Ричи достигнаа дури 28cm и сето ова без да ја користите штиклата. Како е ова возможно?
Едноставно, треба да балансирате на прстите, а моделите, токму заради ова, на пистата се чувствувале како да носат чевли од бетон.