Мода и психологија на бои: Што кажува вашата омилена боја за вас?
Дали и вие припаѓате во групата на луѓе кои и покрај тоа што имаат облека во најразлични бои, сепак на крај се одлучуваат за една иста?
Без разлика за каква пригода се работи, веројатно има некоја боја која секогаш ја бирате на прво место и најлесно ви е да ја искомбинирате.
Можеби во таква комбинација се чувствувате најсамоуверено, ви стои најдобро или пак најдобро ги крие недостатоците.
Независно која е причината, токму таа боја ве открива вас и вашиот карактер.
Погледнете што открива за вас вашата омилена боја без воопшто да сте свесни:
Црна
Црната боја очекувано, се сфаќа премногу сериозно. Според многу истражувања, докажано е дека луѓето оваа боја ја гледаат како знак за престиж, моќ и интелигенција.
Луѓето кои ја ставаат оваа боја на прво место се амбициозни, но и чувствителни и лесно може да бидат повредени, иако даваат сè од себе да го сокријат тоа.
Кафеава
Кафеавата е боја на земјата, а важи за симбол на рационалност, увереност, цврстина, стабилност и интелигенција.
Токму затоа луѓето со овие карактеристики може да бидат забележани во кафеави комбинации.
Сина
Сината боја покажува самодоверба и сигурност, па токму затоа се препорачува и за професионални настани и состаноци.
Оваа боја ја бираат љубезни, чувствителни и срамежливи луѓе, кои во оваа боја се чувствуваат смирено и сигурно.
Зелена
Зелената боја е позната по нејзиниот смирувачки ефект кој предизвикува убаво расположение.
Луѓето кои ја носат оваа боја на облека најчесто водат активен живот, живеат во пријатна околина и се финансиски стабилни.
Виолетова
Оваа боја уште од многу одамна се поврзува со кралските семејства и високите друштва, а симболизира софистицираност, богатство и луксуз.
Луѓето кои ја носат оваа боја се емотивни сонувачи, кои се многу непредвидливи, но и склони кон креативноста и уметноста.
Црвена
Познато е дека оваа боја симболизира моќ и страст, па облеката во црвена боја привлекува многу внимание.
Луѓето кои ја носат се енергични, возбудливи и секогаш во движење, иако може да важат и за егоцентрични склони на пороци.