Се отиде ли предалеку - гради покриени со блескави камчиња (фото)
За некои девојки и жени неносењето градник е прилично радикална одлука. Тогаш, што би одговориле на следниов моден тренд – гради коишто се целосно покриени со светки и блескави камчиња и декорации?
Сè што ви е потребно се многу светки, прилично голем асортиман од камчиња и декорации со заслепувачки сјај и лепак за тело. Ги лепите онака како што сакате да изгледа дизајнот и „маичката“ која ги покрива само градите е веќе готова.
Ова е можеби одличен избор за луда забава, но се прашуваме ја поминува ли границата на добриот вкус? Какво е чувството да носите стотици залепени камчиња и светки на градите? Како изгледа отстранувањето на истите од телото?
Во секој случај, доколку некогаш сте доволни храбри да го испробате стајлингот, погледнете како точно изгледа:
(О)Милена | Црнобело