Flyroam патиките од Timberland пристигнаа и во Македонија (фото)
Како бренд со богата историја, но и чувство за идните трендови, Timberland ја започнува сезоната пролет/лето 2017 со уште еден иновативен производ со лансирањето на колекција Flyroam (флајроам). Трендовскиот дизајн се среќава со иновацијата во современ производ кој ги спојува спортот и стилот. Динамична линија обувки со минималистичка естетика, ултимативната спортска обувка, подготвена за секакви услови.
Конструкцијата на Flyroam обувките е лесна, а линијата едноставна. Тие доаѓаат во неколку форми направени платно или превртена кожа, а одлично се комбинираат со спортска облека, но си џинс.
Во центарот на овој нов производ на Timerland e технологија наречерна AeroCore - енергетски систем кој се фокусира на флексибилност и намалување на притисокот од тежината при движење. Внатрешноста на обувките нуди специјални перничиња за удобност, додека пак единственото место каде се употребува гума е местото каде се остварува контакт со надворешноста. Со помош на AeroCore системот, Flyroam обувките се значително полесни и овозможуваат слобода во движењето. Издржлива и отпорна, аеродинамичната линија на овие обувки е функционална и модерна, совршено дополнување на оваа напредна технологија.
Flyroam обувките се ексклузивни за европскиот пазар за оваа сезона, а ќе бидат достапни и во продавниците на Timberland во Рамстор и Skopje City Mall.