Ели Сааб - најнова колекција чанти '13
Ели Сааб е бренд кој асоцира на елегантност и софистицираност, а најновите чанти дизајнирани за 2013та година го потврдија тоа.
Јасно дефинираните облици ја оцртуваат елеганцијата на брендот, додека смелите бои се мало освежување.
Без воочливи детали, дневните чанти се дизајнирани за да го надополнат едноставниот и софистициран изглед.
Едноставните материјали, долгите рачки и прерамки се едни од најосновните и практични карактеристики.
Кога станува збор за вечерните модели, единствен збор кој ќе ви падне на памет е гламурот.
Луксузната привлечност на златната боја е посебно истакнат во вечерните модели, а изгледа моделот на малите плик чанти е незаменлив за следната 2013та година.
-->
|
|
-->
|
|