Модна инспирација: Оливија Палермо
Модната икона Оливија Палермо, која се наоѓа на листата на најдобро облечени жени речиси секоја година, зимата ја поминува во топли а сепак стилски парчиња облека.
Во овие студени денови таа нека ви послужи како модна инспирација и испробајте ги нејзините омилени комбинации.
Задолжителни ви се црните тесни фармерки, едноставните блузи, топлите и модерни наметки и елеци, како и големите чанти.
Додатоците не се неопходни, меѓутоа машкиот рачен часовник ќе ја пополни таа празнина. Без оглед дали ќе одберете високи, елегантни потпетици или пак едноставни рамни чизми, патики и балетанки може да изгледате женствено и модерно.
Погледнете како Оливија го практикува сето ова низ неколку фотографии и нека ви послужи како инспирација на овие ниски температури.
-->
-->
-->
-->
|