Гламурозна колекција и додатоци од Манго
Гламурот е првиот збор кој ќе ви падне на ум кога ќе ги погледнете најновите фустани, потпетици, чанти и накит од Манго.
Во пресрет на празничното расположение, исто како и сите останати брендови, Манго покажа дека умее да направи нешто навистина спектакуларно.
Во склоп на оваа празнична колекција се наоѓаат многу светкави фустани во темни нијанси со различни должини.
Наметките повторно се неизоставен дел, како и едноставните, елегантни високи потпетици.
Чантите се исто така во претежно темни бои, додека накитот е највпечатливиот детаљ во оваа колекција - големи и масивни огрлици, метални алки и бразлетни, како и впечатливи, висечки обетки.
Погледнете како изгледаат највпечатливите парчиња облека и аксесоари од празничната колекција на Манго.
-->
|
|
-->
|
|