Модни предлози за месец декември '12
Припремете се за последниот месец во годината со повеќе стил од вообичаено. Нека не ве заплашуваат ниските температури - тие само може да ви ја разбудат креативноста кога станува збор за модата.
Во студените денови научете да уживате во дебелите хеланки со шари, тесните фармерки со висок струк, дебелите и широки џемпери, како и во топлите наметки во сите бои и дезени.
Никогаш не ги заборавајте плетените шалови или големи марами, интересни капчиња и ракавици, како и големите чанти.
Уживајте и во големиот накит – големи ланчиња, прстени, алки или саати се вистински избор во било кој дел од денот и за било која пригода.
Што се однесува до чевлите, секогаш одбирајте топли чизми без оглед дали се на потпетица или рамни, високи над колената или пак кратки до глуждот.
Експериментирајте, спојувајте го и неспоивото ако тоа ве прави да се чувствувате пријатно бидејќи овој месец стилот е во комоцијата и топлината.
Ви нудиме и неколку топли модни предлози кои можеби ќе ви помогнат да се одлучите како да ги комбинирате омилените чизми или хеланки за следното излегување.
-->
|