5 задолжителни црни парчиња во плакарот на секоја жена

Иако обожаваме капути во бои, шарени панталони и штикли во нијанси, некои класични црни парчиња едноставно е невозможно да ги исфрлите кога станува збор за безвременски стил.

5-zadolzitelni-crni-parcinja-vo-plakarot-na-sekoja-zena

Овие парчиња прилегаат на секоја жена, без разлика на годините.

1. Црно боди. Со долги ракави или без нив, под него комотно можете да носите градник. Црното боди е спас затоа што во комбинација со било која сукња или панталони со висок струк изгледа елегантно. Доброто е што може да го комбинирате со проѕирни кошули и фустани и да избегнете модно фијаско.

2. Црно сако. Може да го носите во сите прилики, а за само неколку секунди станува дел од било која комбинација и додава елегантен и префинет шмек.

3. Црна сукња која добро ти стои. Секоја жена мора да има по една добра црна сукња. Важно е само да стои совршено, и да не биде прекратка. Ние препорачуваме класична пенсил сукња до колена со висок струк која може лесно да се комбинира.

4. Мало црно фустанче. Нема потреба да објаснуваме, се е кажано. Ќе ве спаси во моментите кога сакате да изгледате заносно, а може да и го менувате изгледот со каиши, марами, брошеви, ланчиња...

5. Опасно добри црни штикли. Немојте да штедите на нив. Класиката е вечна, па така и затворените лаковани салонки со тенка штикла се секогаш пожелни во плакарот на секоја жена.

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Пет модели на панталони кои треба да ги имате оваа пролет Наместо фустан решете се за некој од овие пет модели на панталони доколку сакате...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg