Тренд: Топли џемпери '12 (фото)
Оваа зима воопшто не се двоумете помеѓу тесните и широки џемпери бидејќи модата и трендовите оваа сезона се прилагодуваат според ниските температури.
Приоритет нека ви биде топлината и удобноста, а со тоа ќе постигнете неверојатно модерен и стилски ефект. Џемперите со големи плетки се најмодерното парче оваа сезона.
Комбинирајте ги со тесни фармерки или панталони во боја, високи чизми, голема чанта, марама и кожна јакна. Вечерните кратки здолништа и дезенирани хулахопки затоплете ги со широк џемпер со апликација и многу накит.
Сигурни сме дека имате барем еден широк џемпер кој можеби никогаш не сте го облекле заради големината, меѓутоа сега е вистинското време да го ставите во преден план.
Комбинирајте го како што ќе посакате, кога ќе посакате.
-->
-->
-->
-->
|