Маслинестата боја е нов зимски тренд за мажи
Нијансите на заматената зелена оваа зима е помеѓу 10те водечки трендови за мажи.
Кожни јакни, обоени фармерки, џемпери, марами и останати додатоци – се во нијансата на маслинестата зелена.
Одберете мантили, капути или кожни јакни во оваа нијанса на зелената за модерен и несекојдневен изглед. Комбинирајте ја со неутрални крем нијанси, црна, бела, па дури и со тегет или бордо боја. Во секоја комбинација изгледа фантастично.
Едноставните џемпери надополнете ги со маслинеста марама, темниот тексас изгледа одлично со маслинест џемпер, па дури и пар обувки во оваа боја се секогаш добар избор.
Не ги изоставувајте додатоците како марами, шалови, капи или часовници во темно зелени нијанси.