Идеални, практични фризури за студените денови

За деновите кога треба да се затоплите, а се уште да изгледате уредно и модерно испробајте едноставни фризури кои нема да изгледаат неуредно, без оглед на силниот ветер или дожд.

idealni-prakticni-frizuri-za-studenite-denovi-1

Најважно е да користете производи за нега на косата кои ќе го спречат разлетувањето или електризирањето.

Откако ќе направите фризура не заборавајте да ја зацврснете косата со малку спреј и да ја одржите идеалната форма.

Испробајте ги разбушавените плетенки кои се уште се во мода. Се прават за помалку од 5 минути, а изгледаат интересно во комбинација со широко, плетено капче.

Одберете ниска и разбушавена плетенка за утринското кафе или пак за вечерните опуштени прошетки.

idealni-prakticni-frizuri-za-studenite-denovi-2

Уште една совршена фризура која може да ја направите за неколку минути се високите, разбушавени пунџи. Може да ги направите во секое време – на секое место. Обичното коњско опавче разбушавете го и замотајте го во 2-3 круга околу ластикот. Зацврснете со неколку ситни шноли.

idealni-prakticni-frizuri-za-studenite-denovi-3

Доколку сте љубител на пуштена коса, носете ја брановидна. Рамната и пеглана коса многу полесно ја губи својата првобитна форма, додека брановидната изгледа несовршено уредна. Одличен избор за секојдневните утрински обврски.

idealni-prakticni-frizuri-za-studenite-denovi-4

Додадете малку волумен на косата и поткренете ја со тапирање. Разбушавете, а потоа направете високо коњско опавче. Местото каде што ќе го ставите ластичето замотајте го со мала плетенка од еден прамен. Со овој вид на фризура ќе постигнете подраматичен изглед кој е одличен избор за зимските вечерни излегувања.

Би можело да ве интересира:

Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Следењето модни трендови е вистински предизвик (низ 14 реални илустрации) Модата се движи во циклуси, па работите кои беа модерни во времето на нашите дед...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
8 најчести грешки поради кои и најубавите зимски обувки изгледаат нескладно Бел капут со бели чизми, миди здолниште што не ги покрива чизмите - ова се само ...
Balenciaga продава обетки од 840 евра: Би носеле ли клучеви на ушите? „Што отвораат овие клучеви?“ Вака се шегуваат корисниците на социјалните мрежи, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg