Тренди додатоци за дождливите денови
Ако не сте љубител на дождливите есенски денови сигурни сме дека го имате проблемот “Што да облечам на ваков ден?”.
Пробајте да најдете соодветно решение кое што ќе ве заштити од дождот, а воедно ќе се чувствувате модерно и удобно. Потребни ви се следниве 3 парчиња облека кои ќе ви помогнат дождливиот ден да не ви влијае на вашето расположение и обврски.
Класичното палто за дожд е првото решение. Пронајдете интересно палто кое не е пропустливо. Комбинирајте го со класично здолниште и кошула за деловните обврски или пак со фармерки и џемпер за дневна прошетка.
Едноставни гумени чизми. Можеби и не се така модерни и елегантни, меѓутоа се вистински спас од дождот. Комбинирајте ги со бојата на палтото или пак одберете си шарени и весели дезени. Во секој случај изгледаат одлично со тесни панталони, хеланки или есенски кратки здолништа.
Стилски чадор. Одберете си интересен дезен на чадор кој секако ќе ви се вклопи во комбинацијата. Со точки, кариран или со облачиња – сеедно е. Чадорот е основниот додаток кој ќе ве спаси од ефектот на мокра, неуредна коса и облека.