Домаќински совети: Како вашата кожна јакна да изгледа како нова?
Ако не сте баш добри домаќини на тема чистење и одржување на облеката, овие совети ќе ви се најдат.
Како вашата омилена кожна јакна да остане нова подолго време:
1. Перење. На кожната јакна доволно и е да се исчисти еднаш во годината, а за тоа ви е потребен благ прашок за перење наменет за облека во боја. Површината на јакната пребришете ја со влажна крпа, а потоа, на неа во многу мала количина нанесете прашок за перење. Остатокот од сапуницата избришете го со влажна крпа, а јакната пребришете ја со сува крпа. Погрижете се да биде сосема сува, но сеедно оставете ја на свеж воздух.
2. Одржување. За да спречите пукање на кожата, јакната мора да ја третирате со средства наменети за нега на кожа. Внимавајте да не нанесувате преголема количина од пастата – доволно е многу малку за целата површина. Ако при рака немате средство за одржување, послужете се со хидратантна, немасна крема.