Задолжително зимско парче - крзнен елек
Без оглед дали се работи за вистинско или вештачко крзно, крзнениот елек ќе ве стопли во овие студени денови и ќе ја разбие монотонијата во било која комбинација.
Дневните прошетки “зачинете ги” со кафен или црн крзнен елек, долг и со појас. Во комбинација со едноставни тесни фармерки или хеланки ќе постигнете изглед на модна икона.
Вечерните комбинации затоплете ги со кратко крзнено елече, без оглед на неговата боја. Високите чизми со потпетици изгледаат многу подобро во негова комбинација, отколку со обичен капут или наметка.
За било која комбинација и да се одлучите, нема да погрешите. Доколку ви недостасува инспирација за вашето следно излегување, погледнете ги неколкуте модни предлози.
-->
-->
-->
-->
|