Рецепти за домашна нега на кожата

Во студените денови сè повеќе расте потребата за соодветна нега на кожата на лицето и телото. Доколку сте научени да користите веќе готови препарати за нега, барем 2 до 3 пати во месецот потрудете се да направите свои, домашни.

recepti-za-domasna-nega-na-kozata-1

Секоја сезона има сезонски овошја и зеленчуци чии витамини може да ги искористите на едноставен начин. Погледнете како да ги испробате предностите на следните плодови и да ја негувате вашата кожа соодветно на зимските температури.

Маска од слива и павлака – Ќе ви бидат потребни 3 зрели сливи, 1 лажичка маслиново масло и 1 лажица кисела павлака. Оваа маска е совршена за нега на нормален тип на кожа. Млечната киселина делува како ексфолијација, додека сливите имаат состојки кои делуваат против стареењето на кожата.

Маска од тиква – За нега на мрсна кожа потребни ви се 2 лажички тиква, пасирана - во вид на каша, 1 лажичка мед и 1\4 лажичка млеко. Додадете уште една лажичка сок од брусница, за нега на комбинирана кожа.

Маска од грозје – Издробете 10тина зрна грозје во блендер и додајте една лажичка брашно. Откако ќе добиете еднолична смеса, оставете ја да делува на лицето најмногу 10 минути. Дејството на грозјето е препорачливо е исклучиво за зрел тип на кожа.

Маска од смоква – Смоквите се прекрасен избор за нега на лицето, заради тоа што делуваат како антиоксиданс. Внатрешноста од 2 или 3 смокви се меша со 1 лажица маслиново масло. Маската се остава да делува 10 до 15 минути.

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
5 типа обувки кои ќе бидат во тренд до крајот на зимата Од спортски патики со голема платформа, до тренди чизми - Какви обувки ќе бидат ...
9 совети со кои ќе изгледате како „милион долари“ (без да потрошите многу пари) Плетен џемпер со V-отвор на линии, кафена чанта за секоја комбинација - некои па...
5 типа маникир кои делуваат кич (и како да изберете подобра алтернатива) Неонски бои, црн лак - некои трендови во маникирот треба да се заменат со нови, ...
5 типа ролки кои треба да ги избегнуваат жените по 40-тата година Ролки во здодевни бои и полуролки едноставно не им прилегаат на дамите над 40 го...
8 типови накит кои го уништуваат и најмодерниот стајлинг (и ве прават постари) Грешка бр. 1 – Поцрнет метален накит, кој прави да изгледате застарено. Грешка б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg