Свеж есенски изглед со палто во боја
Рутината и мислењето дека палтата и наметките мора да се што потемни и поедноставни создаваат монотон изглед во студените денови.
Црното палто ќе биде многу поинтересно ако го замените со крем или сино. Секако, ќе мора да внимавате на комбинирањето со другите бои, меѓутоа силните бои не ве ограничуваат толку колку што мислите.
Сините, зелените или виолетовите нијанси може да ги комбинирате со неутрални тонови, класичните црно - бели - сиви комбинации, како и со најтемните нијанси на било која боја. Виолетовото палто може да изгледа одлично со темно сини панталони и сив џемпер. Зелената наметка носете ја со сиви панталони, едноставна кошула и високи чизми.
Постојат безброј комбинации и идеи како да ги носите разнобојните наметки, само треба добро да размислите кои бои преовладуваат во вашиот плакар. Соодветно на нив подновете се со шарена наметка.