Машки моден тренд: Џемпер со висока јака
Веќе добро познатите дебели џемпери на копчиња и со високи јака оваа есен се едно од задолжителните парчиња во машкиот плакар.
Различните начини и комбинации во кои може да се вклопи овој џемпер е една од предностите.
Одлично изгледа во лежерна, секојдневна комбинација со фармерки и патики, додека одлично се вклопува и во елегантниот есенски изглед.
Заменете ја класичната јакна со дебел џемпер со висока јака, за потопол есенски изглед. Одберете необична плетка во повеќе нијанси за да постигнете модерна и стилска комбинација.
Комбинирајте го џемперот со висока јака со повеќе слоеви облека – тенка маица, кошула, џемпер, сако... Имате огромен избор како и каде да го носите.