Белата боја е новиот есенски тренд
Не се откажувајте од белата боја за време на есенските денови, бидејќи таа може да ве згрее во студените и да ве расположи во дождливите и тмурните денови.
Веќе видовте како до модерен изглед оваа есен, па затоа ова е совршено време да ја вклопите белата боја во вашиот изглед.
Белиот џинс е едноставно незаменлив. Светлиот капут може да изгледа многу поженствено за разлика од стандардните есенски темни тонови. Цветните фармерки изгледаат многу повпечатливо во комбинација на бел, топол џемпер.
Затоа бидете храбри и не се двоумете кога ќе го избирате вашето следно парче гардероба.
Ви нудиме неколку инспирации за вашиот изглед, кои се надеваме ќе ве охрабрат да го пробате овој неочекуван тренд.