Тренд: преголеми парчиња облека

Едно од вечните правила во модата е дека секое парче треба да се вклопува одлично со вашата фигура. Меѓутоа, оваа сезона е сосема спротивно.

trend-pregolemi-parcinja-obleka-1

Изберете неколку броеви поголем џемпер од вообичаено. Или пак тесните фармерки заменете ги со широки. Оваа есен конечно ќе можете да ги износите парчињата облека кои мислевте дека веќе никогаш нема да бидат во тренд.

Палта. Палтото кое не ја следи линијата на вашето тело или пак не е струкирано, сега е вистинско време да го извадите од дното на вашиот плакар. Голем број од модните писти беа преплавени од големи палта и наметки.

trend-pregolemi-parcinja-obleka-2

Јакни, џемпери и блузи. Разновидни модели,бои и стилови. Широки ракави, асиметрична должина или големи ексцентрични јаки се само неколку идеи како да го одберете вашиот нов тренди џемпер.

trend-pregolemi-parcinja-obleka-3

Панталони. Ако сте љубител на комоцијата и лежерниот стил сигурно поседувате еден пар вакви панталони. Без оглед  дали се направени од џинс или пак лесен материјал, тие се задолжителни за оваа сезона.

Здолништа и фустани. Се чини дека времето за истакнување на силуетата изминува. Одлучете се за комотни и едноставни фустани и здолништа кои се во неколку слоеви.

3 совети како да носите прекумерно голема облека:

- Комбинирајте едно екстра големо парче со тесна блуза или тесни пантолани, за да создадете контраст;

- Избегнете впечатливи детали и фокусирајте се на големиот џемпер или капут;

- Што поголем број – тоа подобро. Меѓутоа доколку забележите дека се „губите” во големината на блузата, додајте впечатлив појас кој ќе ја истакне половината.

trend-pregolemi-parcinja-obleka-4

Би можело да ве интересира:

Широки фармерки, палта, необични очила: Каков е стилот на Тамара Тодевска кога не е на сцена? Модниот стил на Тамара Тодевска на сцената и во приватниот живот не се разликува...
Исти фустани кои им стојат сосема поинаку на моделите и славните дами (фото) Од Кајли Џенер и Ема Вотсон, до Жилиет Бинош и Пријанка Чопра - некои фустани од...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg