5 начини како да носите леопардски принт
Животинските принтови се хит неколку години наназад, па така и оваа есен. Бидејќи животинските принтови се едни од најризичните модни комбинации, ви нудиме пет едноставни начини како да ги комбинирате, а да ја избегнете секоја можна грешка.
Единствено внимавајте да не се претворите во девојка- леопард од глава до пети бидејќи тоа никогаш не било и нема да биде моден погодок.
Држете се до деталите
Еднобојна комбинација со леопард потпетици или чанта. Изгледа многу отмено и стилски за разлика од краткиот фустан со леопардски принт.
Мешајте различни принтови
Правилото за задржување на еден принт или шара одамна се прекршува. Доколку сте сигурни дека нема да изгледате смешно, измешајте ја леопардската шара со некоја слична на неа и исклучиво во темни или неутрални тонови.
Бидете смели со модните додатоци
Доколку носите шара на неутрални тонови комбинирајте ја со впечатлива боја на накит или чанта. Ако се одлучите на леопардски принт во други тонови, гледајте боите потполно да се совпаѓаат. Доколку немате смелост за вакви комбинации, подобро е да ги избегнете.
Одбирајте детали со минимални принтови
Нијансираната крем марама или чанта е вистински избор кога станува збор за минимален принт. Не одбирајте детали во силни бои и со голем контраст на боите. Минималистичкиот изглед понекогаш е многу подобар и повпечатлив избор отколку нападните шари.
Неконвенционални бои
Кафената не е секогаш толку интересна колку шеќерно- розевата боја. Избирајте модели со несвојствени бои за шарата која сте ја одбрале. Единствено така ќе постигнете необичен изглед без да ги преминете границите.