Подгответе ја кожата за есенските денови

podgotvete-ja-kozata-za-esenskite-denovi-01

Со опаѓање на температурите се повеќе расте потребата за заштита на кожата. За да заштедите на скапи третмани, а да добиете ист ефект испробајте неколку производи од вашата кујна.

Природните витамини се благодет за секој тип на кожа, па зошто да не ја припремите кожата за есента во домашни услови.

podgotvete-ja-kozata-za-esenskite-denovi-1

Маска за лице од тиква

Овошје полно со витамин А, витамин Ц и цинк. Служи и како антиоксиданс за сите типови на кожа.

- 1 лажица изгмечена тиква

- 1 лажица мед

- 1\2 лажица млеко

По мешање на сите состојки во мал сад, смесата се нанесува на чисто лице со кружни движења. Оставете ја маската 15 до 20 минути и исплакнете со млака вода. По краткиот третман ќе добиете чиста кожа со здрав сјај.

podgotvete-ja-kozata-za-esenskite-denovi-2

Маска за лице од морско оревче и цимет

Морското оревче има анти- воспалително дејство, додека циметот е антисептик. Мешањето на морското оревче и циметот во мед ќе ја излечат и исчистат вашата кожа на најдобар можен начин. Единствено оваа маска не се препорачува за осетлива кожа, па затоа препорачливо е испитување на реакциите на мал дел од кожата пред нанесувањето.

- 1 лажица мед

- 1\4 лажичка цимет

- 1\4 лажичка мелено морско оревче

Сите состојки заедно се нанесуваат на чиста кожа, освен во пределот на очите. По 20 минути исчистете го лицето со млака вода или памук натопен на вода, доколку имате потешкотии со отстранувањето на медот.

podgotvete-ja-kozata-za-esenskite-denovi-3

Пилинг за тело од тиква и шеќер

Колку што состојките на овој пилинг се вкусни за консумирање, исто толку и помагаат на кожата за нејзино чистење. Тиквата која е богата со витамини овој пат се меша со кафеав шеќер, при што имате природен препарат за ексфолација.

- 1\2 чаша пасирана тиква

- 1\2 чаша кафеав шеќер

- 1\4 лажичка мелен цимет

Откако сите состојки ќе ги измешате ќе добиете густа смеса за пилинг. Со кратко триење на кожата ќе ги исчистите сите изумрени клетки. Измијте со млака вода или натопена мека крпа.

podgotvete-ja-kozata-za-esenskite-denovi-4

Маска за лице од брусница

Брусницата е уште едно овошје кое делува како антиоксиданс и е богато со многу витамини меѓу кои витаминот Ц и К. Покрај тоа што беспрекорно ја чисти кожата, помага во намалување во темните кругови околу очите, бидејќи делува и како тонер.

- 6-7 мелени свежи брусници

- 1 лажичка мед

- 1 лажица  јогурт

Откако ќе направите еднолична смеса, нанесете ја нежно со кружни движења. Потребни се 15 минути да отстои, пред  да ја измиете со млака вода.

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Високи чизми, волнени капчиња - Како соодветно да се грижите за зимската облека и обувки? Препорачливо е кожените ракавици да ги перете на рака - на сунѓер капнете неколк...
8 вообичаени грешки поради кои облеката и чевлите се уништуваат брзо и завршуваат во корпа за отпадо... Можеби звучи смешно, но пробајте го трикот со замрзнување на хулахопките пред да...
Алмедина Исмајли - македонска новинарка со впечатлив стил (фото) Од елегантни фустани до спортски комбинации и многу корсети - македонската новин...
Инфлуенсерката Даниела Ѓуровска: „Ако се дотерам сабајле, цел ден се чувствувам убаво“ „Временски разликата меѓу облечи „Што било“ и спреми комбинација од претходната ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg