Тренд за оваа есен - џинс во секоја комбинација
Тексасот изгледа е во мода од денот кога е измислен. Секоја девојка која сака практичен и лежерен, а сепак модерен изглед – тексасот е вистинскиот избор. Тој може да изгледа секси, елегантно, едноставно – сето тоа зависи од останатите парчиња во неговата комбинација.
За студените денови кои следуваат оваа есен, постојат неколку модни правила околу правилниот начин на избор и носење на џинсот. Обрнете внимание на следните парчиња облека кои оваа сезона ќе бидат вистински хит.
Обоен тексас – Едно од најносените парчиња за пролет\лето кое го продолжува својот тренд. Можеби не толку светли нијанси како сината, розовата или жолтата, меѓутоа експериментирајте со кафената, вино – црвената боја или темните нијанси на виолетовата.
Краток џинс –Најдобрата комбинација за џинсот над глуждот се ултра високите потпетици.
Искинат тексас – Можеби не изгледа најуредно, меѓутоа е се’ поактуелен. Искинатиот џинс дури го видовме во високата мода, во комбинација со елегантни кошули, бисери, и скапоцени камења.
Тексас јакни – По 90-тите години, кога тексас јакните беа вистински хит, нивното време се враќа. Во комбинација со цветни фустани, кратки панталони, широки маици изгледаат секси. Вие само треба да си ја одберете својата омилена комбинација.
Двоен тексас – Последна и најхрабра комбинација. Додека едни сметаат дека двојниот тексас е премногу, други го носат со задоволство. Ваше е да експериментирате со тексас кошула, фармерки, шорцеви или тексас здолниште со висок струк. Со правилните детали, џинсот од глава до пети може да изгледа елегантно и гламурозно.