10 задолжителни парчиња во женскиот плакар

10-zadolzitelni-parcinja-vo-zenskiot-plakar-01

Покрај големиот број на фустани, секојдневни маички, класични кошули, сепак постојат неколку парчиња облека во која секоја девојка се чуствува удобро.

Токму според тоа и е направена листата на 10 задолжителни парчиња во женскиот плакар.


Едноставната бела маица оди одлично со сè, и целосната комбинација добива доза на лежерност. Бела маица под сако, вовлечена во високо здолниште или пак со обичен џинс – изгледа фантастично!

10-zadolzitelni-parcinja-vo-zenskiot-plakar-1


Црните хеланки се актуелни веќе подолго време. Едноставно задолжително парче за студените денови, во комбинација со високи чизми и огромен џемпер.

10-zadolzitelni-parcinja-vo-zenskiot-plakar-2


Заради поголемата удобност дури и од патиките, рамните балетанки се тип на обувки која секоја девојка мора да ги поседува. Неопходни се во моменти кога сакате да се одморите од потпетиците, а сепак да изгледате уредно.

10-zadolzitelni-parcinja-vo-zenskiot-plakar-3


Топ со боја на кожата е задолжителен избор кога треба да го избегнете прекумереното разголување.

10-zadolzitelni-parcinja-vo-zenskiot-plakar-4


Уште едно безвременско парче е црниот џемпер на копчиња. Изгледа одлично како и за ниските утрински температури додека стигнете до канцеларијата, така и за надополнување на вечерниот изглед.

10-zadolzitelni-parcinja-vo-zenskiot-plakar-5


Класичните потпетици кои можете да ги вметнете во секоја комбинација се вториот тип на обувки задолжителни за секоја девојка. Покрај високите штикли за вечерните излегувања, класичните црни салонки никогаш не се вишок.

10-zadolzitelni-parcinja-vo-zenskiot-plakar-6


Темни фармерки – парче облека кое прави чуда во вашиот плакар. Еден пар темен тексас кој одлично ви прилега на фигурата, може да и даде различен изглед на најдедноставната комбинација.

10-zadolzitelni-parcinja-vo-zenskiot-plakar-7


Ништо не изгледа посериозно и отмено од девојка во класична бела кошула, затоа тоа е уште едно парче кое е речиси неизбежно.

10-zadolzitelni-parcinja-vo-zenskiot-plakar-8


Малиот црн фустан е нешто веќе добро познато за понежниот пол. Никогаш не пропуштајте да го носите како и за вечерни свечености, така и за дневни прошетки во стилот на Одри Хепбрн, само со ниски рамни балетанки.

10-zadolzitelni-parcinja-vo-zenskiot-plakar-9


Во текот на неделата се правиот избор за секојдневните обврски, додека за време на викендот изгледаат тотално модерно во комбинација со високи потпетици. Послеедното парче кое никогаш не треба да недостасува во вашиот плакар се црните тесни панталони.

10-zadolzitelni-parcinja-vo-zenskiot-plakar-10

Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg