Mulberry ја претстави чантата Дел Реј

mulberry-ja-pretstavi-cantata-del-rej-1

Лана Дел Реј штотуку се вброи во една од ретките музи на познатите дизајнери. За кратко време доби своја чанта од Mulberry која што е спој на гламурот на стариот Холивуд и современата практичност.

На модната недела во Лондон, познатиот бренд ја промовираше чантата на која е испишано “Del Rey”, како дел од Catwalk колекцијата. Достапна во неколку бои, сите украсени со златни детали, навистина потсетува на новата модна икона и го следи нејзиниот стил.

Еве што дизајнерот мисли за оваа чанта: “Del Rey чантата има совршена структура. Воедно изгледа како тврда чанта со непроменлив облик, а всушност е направена од приспособлив и мек материјал.”

Лана Дел Реј едноставно изјавува дека е воодушевена од самата помисла дека таа е нечија муза и инспирација. Го обожува миксот на стариот Холивуд со современиот стил. Тоа и го докажа повеќе пати досега, кога беше забележана како гордо го носи дизајнот именуван според неа.

mulberry-ja-pretstavi-cantata-del-rej-2

mulberry-ja-pretstavi-cantata-del-rej-3

Би можело да ве интересира:

10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии,...
Детали на кои треба да обрнете внимание кога купувате чанта – прават да изгледа „евтино“ Непријатен мирис и конци што висат – на кои ситници да обрнете внимание кога куп...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
Како да носите елегантни шорцеви, а да не изгледате вулгарно? (фото) За на работа, за прошетки на патувачки дестинации, за викенд кафе или вечерни из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg