Како се доаѓа до одреден мирис на производот?
Од сите наши сетила, сетилото на мирисот најмногу се поврзува со емоциите. Иако мирисите се невидливи и испаруваат, тие се поврзуваат со спомените и токму затоа имаат влијание на нашата потсвест и чувства. Мирисите можат да го намалат стресот или апетитот, или пак да направат да се чувствуваме посреќни.
Психологија на мирисите
Секогаш кога се подготвува нов мирис на некој НИВЕА производ во предвид се земаат дизајнот на производот, концептот, целната група и формулацијата, за да се осигура дека мирисот совршено одговара со овие фактори. Иако мирисот е најмала компонента на производот, тој е клучен за неговиот успех. Мирисот на производот е еден од клучните фактори кои влијаат на одлуката за купување кај потрошувачите. Тоа е особено очигледно кога се во прашање дезедоранси и гелови за туширање. Меѓутоа, мирисот на кремата има уште поголем потсвесен ефект. Мирисите имаат ефект на скоро сè - вклучувајќи го и убедувањето на личноста за тоа колку добро некој производ функционира. Една иста формулација може да предизвика различни резултати кај студиите на истражување на пазарот, само врз основа на тоа дали на учесниците им се допаѓа мирисот на производот.
Меѓународни разлики
Мирисите се многу субјективни. На пример, во Америка е омилен вкусот на диња и слатки бели ливчиња, а во Европа овие мириси се далеку помалку популарни. За да се развијат мириси за локалните пазари, користејќи ги локалните трендови, работата на оделението за мириси е се повеќе регионално ориентиранo.
Сетило на мирисот – Следете го својот нос
Секоја личност има околу 30 милиони олфакторни ќелии. Секоја ќелија се заменува со нова за време на четири до шест недели. Оваа функција на брзо обновување осигурува сигурно работење на нашето сетило за мирис.
- Жените подобро го перцепираат мирисот на потта за разлика од мажите. Дури ни дезедорансите ни лосиони за по бричење не можат да ја намалат оваа чувствителност. Женското сетило за мирис функционира како филтер систем кој буквално ги анализира сите потенцијални партнери.
- Околу 5 проценти од популацијата страда од олфакторно пореметување. Тоа значи дека исто така ги изгубиле и поголемиот дел од сетилата за вкус, бидејќи аромите се перцепираат првенствено низ мирисните молекули. А бидејќи не можат да ги почувствуваат мирисите, па дури ни чадот, анозмијата може да го загрози животот. За среќа, околу две третини од сите пациенти го враќаат своето чувство за мирис во рок од две години.
- Секој кој сака да изгуби на тежина треба често да помирисува ванила. Овој мирис го стимулира лачењето на сератонин во мозокот – што го смалува апетитот. Мирисот на ванила се смета и за афродизијак.
- За разлика од сликите и звуците, мирисите директно се испраќаат во најстариот дел на нашиот мозок: мозочно стебло. Затоа мирисот предизвикува сеќавања кои директно се поврзани со чувствата, како на пример мирисот на лосион за сончање кој не потсетува на одмор.
- Околу 15% од популацијата е пречувствителна на мириси и хемикалии, а овој процент е во постојан пораст. Дури 72% од луѓето кои боледуваат од астма се пречувствителни на мириси. Речиси во секоја категорија од производите на Баерсдорф постои производ кој не содржи парфеми и е наменет токму за овие луѓе.
Омилени НИВЕА мириси
НИВЕА крема
Ненадминлива хидратантна крема за сите типови кожа, и за сите генерации во текот на сите годишни времиња ! НИВЕА кремата и го пружа на кожата се она што и е потребно за таа да остане негувана и мека. Омилената крема содржи сроден еуцерит, единствена хидратантна состојка која кожата ја прави неодоливо мека. Со оглед на фактот што на почетокот на 20 –тиот век кога е креирана кремата, биле достапни многу малку синтетички ароми, НИВЕА мирисот се состои воглавно од етерични масла. За мирисот придонесуваат и аромите од роза, лилјани, јоргован, љубичица и лаванда, со наговестување на портокал и лимон. Тајната формула за оригиналниот мирис на кремата не се менува се до денес.
НИВЕА Powerfruit Relax гел за туширање
Откријте ја комбинацијата на моќта на овошјето и богатата нега под тушот. Препуштете се на сензуалниот мирис на Acai бобиците и запловете во светот на уживањето, додека свиленкастиот гел за туширање со антиоксиданси од боровинки ја негуваат вашата кожа и ја обвиваат со мека пена. Ги опушта мислите и го ревитализира телото.
НИВЕА Fresh Natural спреј
НИВЕА дезедорансот FRESH NATURAL содржи екстракти од дното на океанот и пружа ефикасна 24-часовна заштита од потење со чувство на свежина. Мириса на море и на свежо цвеќе. Оптимална комбинација на 48- часовна антиперспирантна заштита и блага НИВЕА нега.
НИВЕА Sun Лосион за сончање кој ја негува кожата
Кога ќе помислиме на мирисот на летото, на многу од нас прва асоцијација ни е NIVEA Sun. Негувачка формула заснована на напредната експертиза на НИВЕА, која доверливо штити и и пружа длабока и долготрајна влажност на кожата. Ефикасниот УВА/УВБ систем пружа моментална и долготрајна заштита од сонцето, и го смалува ризикот од алергија на сонцето. NIVEA Sun производите како горна мирисна нота имаат јасмин, мандарина и вербена, а во срцето на мирисите се розата и цветот од портокал, а долните ноти се мошус и сандаловина.