Летен тренд - траки за коса
Постојат милион начини како лентите за коса да ги вклопите во вашето секојдневие. Голем број од ѕвездите ги носеа од теретана, до црвениот тепих.
За хипи, опуштен изглед одличен избор се плетенките кои се носат преку челото, со малку разбушавена коса. Несреден, но симпатичен изглед.
Марамите се одлични во комбинација со фатена коса и странични шишки. Одлично решение за летно разладување.
На долгата коса со брановидна форма совршено и прилегаат светкави синџирчиња кренати високо, исто како и дебели ткаенини со цветови на страна.
Двојните плетенки, повторно ниско спуштени на челото се најчест избор за вечерни забави. Даваат ефект на зголемен волумен на одлично исправената коса.
Испробајте што најдобро ви прилега на обликот на лице и бидете страствени следбеници на овој моден тренд.