Alexander McQueen чевли - есен/зима 12/13
Иако многу следбеници на модата веруваат дека пред се таа треба да биде практична и удобна, McQueen не го дели ова мислење. За него дизајнирањето на чевли претставува вистинска уметност.
Исто како и во уметноста, така и на чевлите на Alexander McQueen не можете да останете рамнодушни.
За колекцијата есен - зима 2012\2013 Sarah Burton, која ја презема водечката улога во овој бренд, повторно изненади со необични креации.
Во многу различни бои и нијанси, претежно оваа колекција е изработена од кожа. Поголем дел од креациите се украсени со пердуви, цветови, токи во различни бои и големини и чипка. Некои од моделите се препознатливи по трендот кој го наметна токму овој бренд – високи чевли без потпетици.
Без сомневање ова е колекција за сите оние кои сакаат да бидат во центар на вниманието.
-->
-->
|
-->
|
-->
|
|