Трикови од кујната за бујна коса
Зошто да трошите пари на скапи препарати, кога најдобрите пакувања за коса можете д аги направите од намирници кои секојдневно ги користите во домаќинството.
Пробајте ги проверено најдобрите рецепти за сјајна, мека, бујна и што е најважно, здрава коса.
Шампон од јајца
Вратете ја свежината и мекоста на сувата коса со оштетени краеви со природен шампон од јајца. Измешајте две жолчки, белка, сок од еден лимон и една лажица маслиново масло. Со овој шампон измасирајте ја косата и добро исплакнете ја.
Ѓумбир за побрз раст на косата
Ѓумбирот ја оживува косата и влијае на нејзиниот развој. Ѓумбир во прав помешајте со четвртина филџан чај од камилица. Добиениот сок помешајте го со иста количина масло од орев. Со маската измасирајте ја косата и оставете ја да постои десет минути. Потоа добро исплакнете ја косата. Ако сакате косата да ви изгледа блескаво и побргу да ви расте, овој третман применувајте го два пати неделно.
Маслиново масло за мазна коса
Кај долгата коса често се случува прамените да се раздвојуваат и секој прамен да бега на своја страна. Маслиновото масло ќе ја направи вашата коса мазна и мека. Загрејте половина шолја маслиново масло и измасирајте го по целата коса. Најмногу масло ставете на краевите и завиткајте ги во фолија. По 30 минути добро испалкнете ја косата.
Мед и оцет за волумен
Медот и оцетот ќе го зајакнат коренот на вашата коса и ќе и дадат волумен. Една лажица мед и една лажица оцет ставете во половина чаша млака вода, добро измешајте и ставете ја во шише со распрскувач. Измиената коса засушете ја со крпа, испрскајте ја со подготвената смеса и измасирајте ја косата за добро да впие.
Пиво наместо гел
Ако имате бујна коса и ако сакате да ја смирите, не морате да користите гелови за обликување на косата кои што можат да предизвикаат првут. Идеално решение за вас е пивото, кое на вашата коса ќе делува како поблаг гел, а при тоа ќе ја негува, бидејќи ги содржи сите хранливи материи. Косата измијте ја со шампон и исплакнете ја, па на водена коса ставете пиво кое не треба да го плакнете.