Облечете се во силни бои со многу модни додатоци
Совршено време кога жолтата боја може да ја носите заедно со розева е токму ова лето. Направете си неколку храбри комбинации кои ќе ве освежат за време на високите температури.
Изгледајте одморено и средено уште рано наутро. Кога ќе одите на доручек одберете ги најсветлите парчиња од целата гардероба, и со соодветни чевли и чанта направете тренди комбинација.
Не се плашете да ги соедините спротивните бои.
Попладневниот шопинг направете го вистинска забава. Летни марами во весели бои, кратки панталони во различни дезени, разигран накит... И ништо повеќе не ви е потребно.
Плажата нека ви биде место каде што секојдневно ќе носите весели костими за капење, накит во сосема спротивна боја и летни шешири кои отсекогаш биле вистински погодок.