Каков костим за капење да одберете според вашето тело?
Навистина е лесно да изберете костим за капење кој ви се допаѓа. Но, навистина е тежок изборот при ускладување на истиот со вашата фигура.
Откријте како да го олесните изборот за ова лето.
Тип 1: Нерамен стомак
Решение: Костим за капење кој целосно ќе го покрие стомакот. Овој проблем не е така лесно да го прикриете, затоа ќе мора да се одлучите за покриено тело. Би било добро костимот да нема делови од каде што ќе се ѕирка дел од кожата, бидејќи може да постигнете сосема спротивен ефект. Едноделните костими без шари и впечатливи детали се вистинско решение на овој проблем.
Тип 2: Мали гради
Решение: Предноста на малите гради е тоа што многу лесно може да се истакнат со впечатливи дезени и бои. Можеби ова го сметате за проблем, меѓутоа се чини дека е одлична можност да ги испробате сите смели комбинации на костимите за капење. Привлечете внимание со цветен дезен или пак интересна текстура. Не се срамете да го покажете своето тело во дводелен необичен костим.
Тип 3: Несразмерно големи колкови
Решение: Боите играат важна улога во прикривањето или истакнувањето на одредени делови од телото. Затоа, овој проблем ќе го решите наједноставно со комбинирање на едноставен долен дел, а акцентирање на градите, односно горен дел со шари и дезени. На пример, костимите со еднобоен долен дел, а горен дел со карнери се вистински избор.
Тип 4: Големи гради
Решение: Најважно е костимот кој ќе го одберете да одговара на вашата големина на градник. Гледајте тоа да не бидат триаголници или рамни горни делови, туку напротив, изберете ги оние со корпи. Само тие ви нудат чувство на сигурност кога веќе го имате овој проблем.