Хит модели на очила за сонце: Какви рамки му прилегаат на вашето лице?

Стилските очила од познатите брендови за престојната летна сезона го комбинираат ретро стилот на педесеттите и шеесеттите години од минатиот век, но на модерен начин и со порака: „сè е дозволено“.

Во сите колекции присутни се и модели од метал, а во мода се особено рамки со боја на злато како и модели од пластика во широка палета на бои.

Новите колекции се многу екстравагантни и впечатливи, а вие одберете го оној модел кој најмногу му прилега на вашето лице.

Мачкасти рамки

hit-ocila-za-sonce-kakvi-ramki-mu-prilegaat-na-vaseto-lice-1

Во повеќето колекции хит на сезоната ќе бидат мачкасти диоптерски очила за сонце. Особено се убави и карактеристични моделите на брендот „Prada“, инспириран со ретро модата, со интересни облици, материјали и бои. Ваквите очила се идеални да го надополнат гламуросниот и отмениот стајлинг, а најмногу им прилегаат на оние со лице во облик на квадрат.

hit-ocila-za-sonce-kakvi-ramki-mu-prilegaat-na-vaseto-lice-2

Слободно поиграјте си со стиловите и боите, па дури и со разни украси кои што може да се најдат на модерните очила за сонце од типот на циркони, машнички, цветчиња. Сè што ќе направи вашето лице да делува понежно и помеко, а помалку строго и грубо.


Модерно и женствено

hit-ocila-za-sonce-kakvi-ramki-mu-prilegaat-na-vaseto-lice-3

„Vogue Eyewear“ предлага комбинација на ретро и модерни детали, софистицирани рамки со меки и заоблени линии, во распон на бои од јоргован - бледо лила до афион - црвена, од топаз до темносина.

hit-ocila-za-sonce-kakvi-ramki-mu-prilegaat-na-vaseto-lice-4

За промоција на оваа линија на очила „Vogue“ ја одбрал Кејт Мос, која  е симбол на современ стил и инспирација на голем број дизајнери. Заоблените модели, тркалезната рамка со благо искосени врвови се идеални за вакво издолжено лице.


Урбано и ретро

hit-ocila-za-sonce-kakvi-ramki-mu-prilegaat-na-vaseto-lice-5

Новата колекција на очила за сонце од марката „D&G“ ги обединува урбаниот уличен дух, но и ретро облиците со силни бои. Покрај гломазните модели, овој бренд предлага и рамки со златна боја кои се хит оваа сезона. Доколку имате тркалезно лице, вам би ви прилегал некој ретро модел со големи рамки кои визуелно го продолжуваат лицето. Најдобро ќе ви стои рамка во облик на квадрат, односно очила со правоаголен или квадратен облик.


Префинето

hit-ocila-za-sonce-kakvi-ramki-mu-prilegaat-na-vaseto-lice-6

Можеби најстилизирана е „Bvlgari“ колекцијата. Станува збор за речиси класични облици на овој бренд, а акцент се става на рачките, кои се многу оригинално украсени со кристали, па затоа делуваат елегантно и префинето. Моделите со нагласени рачки на очилата треба да ги одбираат дами кои што имаат тркалезно лице, а вакви рамки не им прилегаат на оние што имаат тесно лице.

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Теткести или кул? Мери Џејн чевлите ќе бидат хит оваа есен 2024-та (фото) Мислењата за овие чевли се поделени, но дефинитивно ќе ги гледаме често оваа есе...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии? Не мора да дадете 800 евра за да ги носите најмодерните папучи за ова лето... Ко...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg