Фустан направен од вино

fustan-napraven-od-vino-povekjeИстражувачите од Универзитетот на Западна Австралија откриле начин пијалокот да го претворат во облека. Процесот е многу полесно одошто мислите:


...ткаенината всушност сама се создава околу телото без да се ткае.

Австралиските научници користеле еден вид непатогени бактерии за да го претворат аклохолот во ткаенина од целулоза така што ја ставале или обвиткувале смесата околу кукла или човечко тело. Матријалот го следи телото и е без шавови.

Тие креирале облека од црно и бело вино и од пивото Ginis, кои при тоа го задржале природниот мирис и боја. Ткаенината е како кал додека е влажна и додека се формира, но кога ќе се исуши прилагодениот материјал е како кожа.

fustan-napraven-od-vino

Креаторите први признаваат дека нивниот дизајн има мана. На ткаенината и недостасува флексибилност, проблем е нејзиното облекување и соблекување и мириса на алкохол. Научниците работат на тоа да ги отстранат недостатоците и да ја прилагодат ткаенината за комерцијална употреба. 

Таков текстил во иднина би можел да има многу предности. Нема потреба од шиење, еколошки е и биразградлив е.

Иако овој материјал веројатно нема да се употребува во модата уште извесно време, научниците се надеваат на големо откритие.

Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...
Облека и модни додатоци кои се секогаш тренди (и треба да ги имате во гардероберот) Морнарски маички (или џемпери) и црн кожен колан – некои парчиња и модни додатоц...
Најчести грешки што ги правиме кога избираме летна облека (поради што се потиме повеќе) Избираме светла облека, но во тесен модел; купуваме облека во боја која ви е оми...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg