5 начини за инстант подготовка за бикини
Шорцеви, топ маици, костуми за капење... Јуни започна, сезоната за капење е се поблиску. Ако не сте задоволни со својот изглед во бикини еве што треба...
...веднаш, да преземете.
Препотувањето е императив
Консултирајте се со стручњаци и започнете забрзан програм на тренирање. Кондицијата ќе ја стекнете ако вежбате барем три пати неделно. Во активноста вклучете прошетки, а задолжителна е и детоксикацијата. За да постигнете максимален ефект правете вежби кои придвижуваат група мускули истовремено – склекови, исчекор.
Препорака: Вежбајте наутро за да го придвижите метаболизмот.
Задникот и стомакот се приоритет
Глутеус е најголемиот мускул во човечкото тело. Кога правите вежби за задникот согорувате најбргу и најмногу калории. За да изгледате убаво на плажа вежбајте ја подеднакво и регијата на стомачни мускули. Треба да правите серија на вежби барем три пати неделно за да се забележат резултати за три недели.
Препорака: Легнете на грб на под со свиткани нозе во колената. Стапалата нека бидат на подот. Подигнете ги колковите така што колената да бидат во ниво со рамениот појас. Колковите се паралелни со подот. По десет пати со едната нога во воздух подигнете ги колковите.
Пијте колку што може повеќе вода
Ако внесувате недоволно течности ефектот на вежбањето нема да се забележи. Препораката на стручњаците е жената да пие што е можно повеќе вода секој ден (најмалку пет проценти од својата тежина - ако има 65 килограми, треба да пие околу 3,2 литри течности).
Препорака: Немојте да ја избегнувате студената вода. Истражувањата покажале дека кога пиете студена вода организмот троши повеќе калории за да ја одржи нормалната телесна температура.
Зголемете го внесувањето на природните диуретици
Намирниците може да ви го забрзаат метаболизмот и да ви помогнат во губењето на килограми. Природни диуретици се краставиците, аспарагусот, лимонот, зелениот чај и воопшто храната богата со витамин Ц и кофеин.
Препорака: Јадете што повеќе краставици и додајте неколку капки лимон во водата.
Намалете ги „чашките“
Ако пиете пиво секоја вечер, намалете на максимум три вечери неделно. Ќе го намалите внесувањето на калории и ќе ја сочувате силата за напорните тренинзи.
Препорака: Секогаш испијте го алкохолот во „сендвич“ со вода – пред и по алкохолот напијте се вода за да го избегнете ефектот на дехидратација.