Нема да поверувате за што служи оваа кацига
Изгледа како заштита каква што носат рагбистите, но јапонската компанија тврди дека оваа кацига чудесно ги „пегла“ брчките на лицето додека спиете.
Кацигата изгледа како старинска заштита за спортисти, а се рекламира под името "Pin Up". Тоа е маска за лице и најнов изум на јапонската козметичка индустрија.
На веб страната japantrendshop.com, позната по необични апарати за масажа и други „играчки“ за убавина кои повеќе личат на направи за мачење отколку на помагала за разубавување и опуштање, можете да ја најдете и оваа кацига.
- Одржувајте ја својата кожа цврста, млада и свежа додека спиете, користејќи Pin Up, гласи рекламата з акацигата.
Цената на најновиот производ е околу 100 евра.