Little Black Jacket
Дури повеќе од безбедното мало црно фустанче, малото црно палтенце на Коко Шанел е безвременскиот моден погодок вреден за внимание. И елегантно...
...и ноншалантно, и женствено и унисекс, и префинето нагласување на стилот и ненаметливо парче погодно за транформации.
Изложбата The Little Black Jacket составена од 113 фотографии на кои моделот на Chanel патува низ мноштво стилски приказни и расположенија веќе беше поставена во Токио, а летово ќе патува за Њујорк.
Изложбата ја потпишуваат Karl Lagerfeld како фотограф и Carine Roitfeld како стилистка. Безвременската Шанел класика ја носат личности со најразличен животен, професионален и моден став, а меѓу нив се и Јоко Оно, Тилда Свинтон, Џејн Биркин, Клаудија Шифер, Ванеса Паради, Ана Винтур, Мила Јовович, Сара Џесика Паркер и Софија Копола.
-->
-->
|
-->
|
-->
|
|