Ѕвездена хроника на 60-те
Деновиве во Лондон е поставена ретроспективна изложба на најдобрите дела на Terry O'Neill, еден од најпочитуваните фотографи во светот.
Познат по интимните и искрени фотографии на најголемите ѕвезди, O'Neill несомнено е хроничар на поп-културата обезбедувајќи им на гледачите увид во животот и расположенијата на икони како Синатра, Одри Хепберн, Бардо, Битлси.
Најголемата слава ја стекнува во шеесетите, а и денес предизвикува внимание со својата работа, но и со отворените коментари за популарните личности кои не му се по вкус.
Според него Кејт Мос е преценета и никогаш не стоела рамо до рамо со големите супермодели, туку само се гребела од ѕвездената прашина на девојките како Наоми Кембел и Синди Крафорд.
На прашањето дали гледа предизвик да ја фотографира Кејт Мидлтон, O'Neill признава дека таа не му се допаѓа и дека, меѓу другото, смета дека е премногу слаба.
Ракел Велч, фотографија од 1970 година
Ракел Велч во филмот Myra Breckinridge во 1970 година
Брижит Бардо фотографирана во Шпанија, во 1971 година
Една од омилените фотографии на самиот Terry O’Neill направена во Франција за време на снимањето на Two For The Road. Одри Хепберн ја опишува како неповторлива и многу забавна личност. Истакнува колку му е драго што ја овековечил и игривата, немирна страна на софистицираната икона на стилот.
Френк Синатра оди на сет на првиот ден од снимањето на Lady In Cement во Мајами, 1968 година
Дејвид Боуви на фотосесија за албумот Diamond dogs во 1975 година
The Beatles во двор во Лондон, 1963 година
The Rolling Stones на проба за Thank Your Lucky Stars на ABC vo 1964 година
Мајкл Кејн и Боб Хоскинс во Лондон, 1985 година
Мухамед Али тренира пред борба во 1972 година