Трендови за шминкање за лето '12
Покрај трендовите за фризури и облека, паралелно се формираат и трендовите за шминкање за ова лето 2012. Ќе преовладуваа три трендови, во кои...
...реално ќе може да се пронајде секоја жена – и поприродна варијанта, и поизразена варијанта.
1. Минимализам. Сите знаеме дека за креирање природен изглед, често пати е потребно повеќе време и производи отколку за поизразен изглед. Тоа значи дека ова лето ќе мора да бидете претпазливи за да постигнете природен минималистички изглед на лицето.
2. Екстремни smokey eyes. Одберете изразено темно сенка. Можете да користите и туш за да ги обележите капаците и трепките. Исклучиво за посебни прилики и вечерни настани.
3. Изглед на кукла. Чиста кожа, со нежно руменило, бледи усни, вештачки трепки, силна маскара и очи дополнително нагласени со туш за очи – ова се главните насоки од најголемите козметички куќи за пролет и лето 2012 година.