Совети за сјајна и здрава коса
Убавата, негувана и здрава коса ја прави секоја жена посебно убава. Колку и да посветувате време на грижа на косата, сонцето, хемиските третмани...
...премногу чешлање, пеглање и слично, ја уништуваат косата.
Ова се неколку совети како на едноставен начин да ја одржите косата убава:
- Вежбајте за вашето здравје и користете квалитетни проверени производи за коса
- Ако често ја носите фатена во репче, немојте премногу да ја стегате, а во текот на денот опуштете ја неколку часа за да се одмори косата. За спиење задолжително отстранете ги стегачите и шнолите
- Секојдневното миење на косата ја суши косата. Доколку навистина мора да ја миете, користете шампони кои се соодветни и помалку штетни за косата
- После миењето, нежно исушете ја со пешкир
- Чешлањето секогаш започнува од врвовите
- Редовно правете пауза од жешките третмани на косата (пегла, фен, фигаро, преса..)
- Редовно посетувајте фризер и шишајте ги врвовите