Совети за чистење на лицето
На сите ни е јасно колку убавиот и негуван тен може да го поправи нашиот изглед, но и самодовербата. Кај некого генетиката била сосема доволна, но...
...поголем број луѓе мора да се потрудат за да постигнат убава кожа на лицето.
Еве што е корисно да направите за вашата кожа да блеска и кога ќе ја симнете шминката:
1. Шминката најпрво отстранете ја со влажни марамчиња или некое друго средство за отстранување шминка и потоа измијте го со гел. Гелот за отстранување на шминка во поголем број случаи не го чисти коректорот и трагите од пудра, па затоа не е доволен.
2. После миењето на лицето обавезно исчистете го и со тоник за лице. Без оглед на тоа каков тен имате бирајте благи тоници кои ќе ја освежат вашата кожа, а нема да ја иритираат.
3. Немојте да претерувате со миење. Миењето на лицето со препарати почесто од два пати на ден може повеќе да ви наштети отколку да ви помогне. Ако имате чувствителна кожа се препорачува миење еднаш во денот и тоа навечер пред спиење.
4. Редовно чистете ги порите.
5. Купувајте препарати кои одговараат на вашата кожа, не мораат да бидат скапи, но е важно да се добри и квалитетни.