Мажите гласаат за бикини

mazite-glasaat-za-bikini-povekjeКако и кај секоја друга облека, машките имаат помал избор на костими за капење. Но затоа девојките слободно може плажите да ги претворат во модни писти.


Се ближи летото, а со тоа и неизбежното ѕиркање по туѓи купаќи и тела. Па што мислат мажите кога на плажа ќе прошетате во бикини, монокини, едноделен... Девојките од Marie Claire ги подраспрашаа мажите на оваа тема. Победник? Обичното бикини.


Врвка-бикини

mazite-glasaat-za-bikini-1

Најмалечкото бикини е популарно кај девојките и одобрено од 74% од мажите.


Дводелен

mazite-glasaat-za-bikini-2

Навидум и нема некоја разлика, но обичното дводелно бикини е многу поприбрано од неговото пооскудно пријателче со врвки. И открива и сокрива, па затоа е омилено кај дури 93% од мажите кои велат дека ваквиот модел најмногу потсетува на стандардната женска долна облека.


Лента

mazite-glasaat-za-bikini-3

Нема прерамки, туку само доволно материјал да ги потпокрие градите. 89% од мажите со задоволство ги гледаат девојките во ваков модел.


На една прерамка

mazite-glasaat-za-bikini-4

33% се чудат кој би сакал такво асиметрично сончање, ама 67% веднаш рекле дека им се допаѓа.


Едноделен

mazite-glasaat-za-bikini-5

mazite-glasaat-za-bikini-6

Девојките некако го игнорираат, но едноделниот костим за капење им се допаѓа на 65% од мажите!


Танкини

mazite-glasaat-za-bikini-7

Личи на едноделен, ама практичен е како дводелен. Необичниот модел им се допаѓа на 53% од мажите, а за 47% е женска верзија на маж кој плива во маица.


Пин-ап

mazite-glasaat-za-bikini-8

mazite-glasaat-za-bikini-9

Ретро пин-ап моделите или се едноделни со мало шорц продолжение или дводелни со многу висок струк. Само 21% од мажите ја сакаат Бети Пејџ на плажа.


Дизајнерски

mazite-glasaat-za-bikini-10

Дизајнерите мора да смислуваат луди модели за да имате причина да си купите нов костим за капење. 83% од мажите не се воодушевени од трендовските измислици.

Се согласувате ли со резултатите?

Би можело да ве интересира:

Кратки панталони кои се тренд за лето '24 и мора да ги имате Ова лето ако сакате да бидете во тренд со изборот на кратки панталони, тогаш со ...
Модна инспирација – летни комбинации од познатите Македонки (фото) Миа Костова, Александра Шијакоска и Дани Ѓуровска се дел од познатите Македонки ...
Модни тајни со кои Французинките изгледаат совршено дури и на најголемиот студ Кога велиме „плетен фустан“ замислуваме широк модел без некоја посебна форма. Но...
„Го најдов совршениот фустан од ZARA, заради кој градите ми изгледаат поголеми за една корпа“ „Навистина не сум благословена во пределот на градите, но овој фустан на ZARA то...
Инфлуенсерката Даниела Ѓуровска: „Ако се дотерам сабајле, цел ден се чувствувам убаво“ „Временски разликата меѓу облечи „Што било“ и спреми комбинација од претходната ...
Како да изберете квалитетна долна облека во продавница (и како да ви трае подолго)? Избегнувајте бели градници бидејќи лесно се валкаат, а се познаваат и под темна,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg