Оваа пролет модерни се нокти во боја на нане
Рафтовите на парфимериите од далеку се зеленеат. Тоа е од шишенцата со боја на нане, зелен чај, морски бранови... За почеток, скратете ги ноктите...
Скратете ги ноктите
Кратките нокти не ги сакаат мажите. Тие сакаат долги, седефасти и црвени. А модерни се кратки, што е разбирливо со оглед на нијансите што се носат. Замислете долги зелени нокти?! Не! Значи скратете ги ноктите и фино обликувајте ги.
Полирајте ги
Еднаш неделно полирајте ги ноктите. Тоа ја подобрува циркулацијата.
Полирањето на една рака треба да трае околу две минути, при тоа притисокот не треба да биде силен за да не се оштетат ноктите.
Секогаш имајте при рака крема за раце и мачкајте ги секогаш кога ќе се сетите. Што почесто тоа подобро. Така рацете ќе ви бидат помеки, а ноктите поцврсти и поздрави.
За рацете е добро парафинско пакување. Тоа ја подмладува кожата. Правете го тоа една месечно.
Нахранете ги
Ако имате суви и кршливи нокти, веројатно немате доволно витамин А и калциум. Јадете морков и пијте повеќе млеко.
Ноктите свиткани надолу се знак на недостаток на протеини, фолна киселина и витамин Ц. Јадете јајца и што повеќе овошје.
Белите точки на ноктите покажуваат недостаток на цинк и калциум.
Темно црвената боја покажува слаб метаболизам поради консумирање на тешка, солена и мрсна храна. Диетата добро ќе ви дојде.
Подлога, па лак
Како подлога ставете безбоен лак кој ги штити ноктите од пукање и лупење.
Освен тоа, благодарение на подлогата, ноктите ќе ви бидат чисти кога ќе го симнете лакот. Лакот подолго ќе ви трае, а бојата ќе биде поинтензивна.
Да ве потсетиме, секој слој мора да се исуши пред да се нанесе новиот.
Немојте да го симнувате и повторно да нанесувате лак за нокти повеќе од два пати неделно. Тоа ги суши ноктите. Наместо ацетон, лакот симнувајте го со препарати кои воедно ги негуваат ноктите.