Седум генијални трикови за нанесување кармин

sedum-genijalni-trikovi-za-nanesuvanje-karmin-povekjeНикогаш доста од добри совети за шминкање. Дознајте како да ја одберете вистинската нијанса на кармин и како карминот да го направите долготраен.


Најдете совршена розева боја
Не сте сигурни која розева боја е најдобра за вас? Само насмевнете се, вашата совршена нијанса е од прилика иста како бојата на вашите непца – не посветла.

Направете карминот подолго да ви трае
За да ви остане бојата на место, пополнете ги целите усни со неутрален молив пред да го ненесете карминот. Ако е потребно, загрејте го врвот на моливот со дланките за да спречите исцртување на претврди линии.

Направете сопствена нијанса
Претворете ја секоја боја на усните во светкава нијанса: намачкајте светкав златен сјај преку карминот, тоа во моментот ќе ја згрее секоја боја.

sedum-genijalni-trikovi-za-nanesuvanje-karmin

Обликувајте ги усните без молив
Создадете илузија на два совршени врва без да ги исцртате усните, само натапкајте коректор во расцепот над горната усна и добро измешајте.

Користете пудра за совршени голи усни
Почнете со бледо розева нијанса, па ставете малку пудра одозгора за мат ефект.

Вистинска боја
Ако навистина ви се допаѓа бојата на карминот додека е во пакубвањето, ставете малку течна подлога на усните пред да го наанесете. На тој начин почнувате со чисто платно.Резултатот ќе биде сличен на оној што сте го виделе во пакувањето.

Направете свој печат
Направете било кој кармин да биде долготраен така што ќе ги допрете усните на хартија, повторно ќе нанесете кармин и уште еднаш допрете ги усните на хартија за да го отстраните вишокот на сјај. Подобро е да се користи мазна хартија отколку книжни марамчиња, бидејќи ќе се постигне поприроден и подолготраен изглед.

Би можело да ве интересира:

7 застарени модели на здолништа кои повеќе нема потреба да ги чувате Асиметрични, како и модели со тул – кои други здолништа одамна се демоде и может...
Модата на првата вечер на Shtip Fashion Days 2024: Што облекоа посетителите? (фото) Миа Костова и Маја Кикириткова избраа црни аутфити и ги комбинираа со црни очила...
Нова впечатлива колекција HEARTBEATS'24 на ZANOV HEARTBEATS '24 е колекција која го негува феноменот наречен љубов, вклучувајќи г...
8 застарени модели на накит и модни додатоци кои треба да ги замените со помодерни Заборавете на ремени и чанти со огромни логоа и букви на брендови, старинскиот з...
Парчиња облека кои прават да изгледате постаро и треба да ги избегнувате Светкавите хулахопки и панталоните со ластик се застарени и можат да напраат да ...
Бисерите се накит на годината во 2024 – Кои Македонки го следат светскиот тренд? Дани Ѓуровска, Елена Најдоски, Бојана Скендеровска... Ова се некои од Македонкит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg