10 совети како до густа и сјајна коса

10-soveti-kako-do-gusta-i-sjajna-kosa-povekjeГуста коса полна со волумен е женствена и секси. Секоја жена сака бујна и густа коса, но многу девојки имаат тенка коса која бавно расте.


Стресот, генетиката, неправилна исхрана, агресивни производи за нега на коса и бременоста се само некои од факторите кои влијаат на квалитетот на косата.

Ако сакате брзи резултати за погуста коса, применете ги овие 10 трикови:

1. Шампон без сулфати. Честото миење може да ја исуши косата, а кога малку ја шампонирате, таа е хидратизирана и не е склона на пукање. Шампон без сулфати не содржи јаки хемикалии кои ја оштетуваат косата и го истенчуваат влакното.

2. Шампон за волумен. Кога ја миете косата сконентрирајте се на коренот и со врвовите од прстите цврсто масирајте ја главата за да се отстранат изумрените клетки на кожата и насобраните маснотии.

10-soveti-kako-do-gusta-i-sjajna-kosa-1

3. Фенирање со главата надоле. Фризерските експерти го користат овој трик кога сушат виткана коса. Обидете се секогаш да се фенирате со главата надоле. Топлиот воздух на денот ќе ја подигне косата во коренот и ќе и даде густина и волумен.

4. Четка за коса со влакна од вепар. Четка која не одговара на косата може само да ја оштети. Користете округла четка со влакна од вепар за да и дадете волумен и природен сјај на косата. Оваа четка правилно ги распоредува природните масла на темето.

5. Фарбана коса. Новата боја за коса остава впечаток на волумен и визуелно и дава густина. Тенката коса обоена со квалитетна боја ќе изгледа погусто од порано.

10-soveti-kako-do-gusta-i-sjajna-kosa-2

6. Топло кокосово масло. За да имате природно густа коса, масирајте ја со кокосово масло. Загрејте го и со прстите нанесувајте на кожата на главата со кружни движења. Освен кокосово масло можете да користите и јојоба, бадемово или маслиново масло. Откако ќе го нанесете, намокрете пешкир во топла вода, исцедете ја водата и замотајте ја косата во него. Оставете така да отстои 15тина минути. Постапката повторете ја еднаш неделно за да го поттикнете растот на косата која ќе биде погуста и посилна.

7. Шампон за сува коса. Честото шампонирање не е здраво за темето и косата затоа што ја суши. Добро решение за освежување на косата е меѓу две миења да користите шампон за сува коса. Го зголемува волуменот и густината, а ги отстранува вишокот маснотии.

10-soveti-kako-do-gusta-i-sjajna-kosa-3

8. Масажа на темето. Стимулирајте го темето со масажа со шампон кој содржи пеперминт или еукалиптус. Маслото ја подобрува циркулацијата и крвотокот во фоликулите и го забрзува растот на косата. Пред миење, масирајте го темето 30 секунди.

9. Промена на фризура. Долгата коса може да изгледа ретко и тенко, затоа размислете за промена на фризурата. Шишките даваат впечаток на гута коса како и степенастите фризури во што повеќе слоеви. Ако сакате да направите екстензија на косата, одберете ја онаа со структура најслична на вашата коса.

10-soveti-kako-do-gusta-i-sjajna-kosa-4

10. Здрава исхрана. Здравата и врамнотежена исхрана е важна за здрава коса. Мора да содржи свеж зеленчук и овошје, мешункасти плодови, житарки, јајца, соја, млечни производи. Доволна количина протеини, калциум и витамини B, B3, B6, A, E и C е потребна за здрава коса.

Би можело да ве интересира:

Модни трикови со кои ќе изгледате одлично и на 45+ години Со палта разбијте ја монотонијата на едноставните комбинации, избирајте шорцеви ...
5 парчиња накит што секоја модерна девојка треба да ги има оваа пролет Бисери, големи алки и цветови - кои парчиња накит се хит оваа пролет кај инфлуен...
Парчиња облека кои прават да изгледате постаро и треба да ги избегнувате Светкавите хулахопки и панталоните со ластик се застарени и можат да напраат да ...
Браво! Нашиот модел Сара Стои чекореше на ревија за брендот Rocco Barroco во Помпеја Модното шоу наликуваше на вистински спектакл, а се одржа на специфичен локалитет...
Предлог модни комбинации со бордо црвена – омилена боја за оваа зима (фото) Капут, здолниште или сам мал детаљ во бордо нијанса – Неколку предлози како да ј...
Дарио Панковски, Жарко Димоски: 10 познати македонски мажи во елегантно издание На Дарио Панковски костумите му се заштитен знак и умее да износи дури и розов к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg