Вешто прикријте го вишокот на килограми

vesto-prikrijte-go-visokot-na-kilogrami-povekjeНеколку килограми повеќе лесно можете да ги сокриете со гардеробата. Додека диетата, вежбите или нешто трето не покаже резултати, паметно...


...поиграјте си со парчињата облека. Ви откриваме како.

Хоризонталните пруги прошируваат, а вертикалните стеснуваат.

Обетките, синџирчињата, исто така може да послужат вниманието да биде насочено кон лицето, вратот и рацете, а помал акцент да биде ставен на критичните места.


Премала облека

vesto-prikrijte-go-visokot-na-kilogrami

Облеката во вистинска, соодветна големина има поголем ефект на стеснување. Ако сте подложни кон варирање во тежината, во плакарот мора да имате и неколку парчиња гардероба со поголема величина. Ако со сила облекувате мали работи ќе изгледате подебели, бидејќи од секаде ќе „претекува“.


Точки, сјајни материјали

Големи принтови и апликации визуелно ќе ве прават покрупни. Избегнувајте и набрани и сјајни материјали.


Вреќасто

Во преголема облека и вие ќе изгледате поголеми. Подобра идеа е да имате добро скроени пантолани од благо растеглив материјал.


Сако

Добро скроено и струкирано сако ќе ги сокрие вашите недостатоци. Избегнувајте спортски јакни и широки модели.


Деколтеа

Одберете V деколте ако имате пополно лице, така и струкот ќе ви делува потенко, а  рамениците пошироки. Отворот како „кајче“ е идеален за оние што имаат потесен горен дел од телото.


Крената коса

Добро скроени пантолани може да сокријат поголеми колкови, а ракавите – подебели раце. А како да се сокријат килограмите на лицето? Подигнете ја косата, тоа подмладува и го стеснува лицето.


Палта

Долга јакна до под колкови го издолжува торзото и го камуфлира кризното подрачје.


Пантолoни

Бирајте модели со рамни ногавици. Избегнувајте тесни модели, бидејќи тие ги нагласуваат колковите, како и кроеви со широки ногавици. Најдобар избор се оние со рамен крој или уште подобро "bootcut". Исто така при купување не бирајте модели со џебови на преклоп или со мали џебови на задникот.


Здолниште кое стеснува

Тесното здолниште, познато и како "pencil", ги нагласува позитивните работи кај женската фигура – таа привидно стеснува и издолжува. Избегнувајте должини до средина на листовите – така негативно ќе ги истакнете нозете. Подобро е да се одлучите за варијанта до колена или неколку сантиметри над колената.

Би можело да ве интересира:

Полнетите елеци се враќаат во мода – како да ги носите оваа есен? (фото) Полнетите елеци се удобни и идеални за променливо време, а можете да ги носите с...
Модна инспирација – летни комбинации од познатите Македонки (фото) Миа Костова, Александра Шијакоска и Дани Ѓуровска се дел од познатите Македонки ...
Која е девојката што со модниот стил го привлече вниманието на затворањето на Shtip Fashion Days 202... „Секогаш кога стилизирам облека, низ глава ми поминува мотото ‘more is more’“, в...
8 модели на чевли кои секоја жена треба да ги има – се носат со сè, во секакви пригоди Еспадрили за во лето и чизмички до глужд за есен и зима – за кои модели на чевли...
Како да изберете квалитетна долна облека во продавница (и како да ви трае подолго)? Избегнувајте бели градници бидејќи лесно се валкаат, а се познаваат и под темна,...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg