Највпечатливите фустани од Оскарите
По наградите, втората најважна работа на Оскарите се фустаните. На црвениот тепих на најголемото светско шоу прошетале секакви модели, бои, материјали...
На ѕвездите останува да одлучат дали ќе играат на сигурно или ќе се обидат да остават силен стилски печат.
Нам ни останува да навиваме за второто, затоа што никој не сака да гледа здодевни модели како на фабричка лента.
Како загревање се потсетуваме на дел од најдобрите и најнезаборавните фустани носени на Оскарите.
Џулија Робертс, во црно-белиот фустан на Валентино со необичен заден дел, стана синоним за шик елеганција (2001)
-->
-->
|
Кејт Винслет блесна во црвено, а цветната прерамка од едноставен направи одличен фустан (2002)
-->
|
Хали Бери во незаборавниот фустан на Ели Саб што ги истакна сите атрибути на згодната актерка (2002)
Валентино го креираше овој фустан специјално за Кејт Бланшет која на Оскарите во 2005 го донесе духот на златната ера на Холивуд
Мишел Вилијамс во ведро издание во жолтиот Вера Ванг фустан (2006)
Пенелоп Круз во раскошната нежна тоалета на Версаче (2007)
Хелен Милер. Што и да се каже за исклучителната актерка на чиј изглед може да позавидат и неколку децении помлади жени е премалку. Како да не е доволно тоа што е шармантна и духовита, таа има и беспрекорен стил. (2007)
Марион Котијард во сирена фустанот на Готје, еден од најхрабрите модели било кога видени на Оскарите. Критиките беа поделени, но остана впечатокот дека Марион е девојка со исклучителен стил. (2008)
Ен Хатавеј во сјајната школка на Армани (2009)