Дали Kaia ќе ја надмине мајка си Cindy Crawford?
Тоа дека Kaia, ќерката на топ моделот Cindy Crawford и Rande Gerber ќе биде вистинска убавица никогаш не било спорно, а потврдено е со нејзиниот прв...
...моден ангажман . Таа на десетгодишна возраст тргна по стапките на својата мајка.
Kaia Gerber позираше пред фотоапаратите за новата колекција на облека 'Young Versace' наменета за деца и тинејџери, а судејќи по фотографиите младата убавица има опуштен изглед и талент за позирање кој се разбира го наследила од својата мајка, која во деведесеттите години беше муза на познатиот дизајнер Gianni Versace и учествуваше во сите негови модни кампањи.
Гордата мајка со одушевување го следеше снимањето па и самата се потсетуваше на своите златни денови.
Дали Kaia ќе продолжи по стапките на својата славна мајка и дали ќе успее да го надмине нејзиниот успех во светот на модата допрва ќе видиме, но мораме да признаеме дека долгоногата тинејџерка од својата мајка го „земала“ само најдоброто.