Темен или светол костум?
Се вели дека добриот костум го прави човекот. Секако дека облеката не го одредува карактерот, но е многу важна за првиот впечаток, особено кога...
...станува збор за деловни состаноци и свечености.
Единствен вистински избор е квалитетен и елегантен костум. Но, која боја да се одбере – темна нијанса или светла? На кои мажи им стојат светлите одела и за какви пригоди се соодветни?
Еве неколку совети од модни дизајнери:
Иако темниот костум се вбројува како составен дел од плакарот на повеќето мажи, сè повеќе има мажи кои што сакаат да го освежат својот стил и малку со него да си поиграат. Се поставува прашањето, со оглед на телесната конструкција, во кој костум најдобро ќе изгледате?
Познат е фактот дека темните бои ја прикриваат телесната несовршеност, па со самото тоа подобро им стојат на мажи кои се пополни. Светлиот тип на костуми им се препорачува на мажи со витка, атлетска градба бидејќи визуелно ги отвора и до израз доаѓа нивниот изглед на кој костумот му дава само акцент.
Темниот костум се носи на свечени и формални случувања додека светлиот костум е предодреден за дневен изглед и за на работа. Веројатно затоа познатите актери и пеачи претежно одбираат потемни костуми за свечени премиери и доделување на награди.
Ryan Gosling е ѕвезда со одличен стил и пример на маж кому подеднакво добро му стојат и светлите и темните костуми. Поради својата височина и атлетската градба не мора да стравува дали светлите костуми ќе го прошират.
Кој победува – темниот или светлиот костум?
Дизајнерите нагласуваат дека светлиот костум бара помодерен пристап на самата личност што го носи и повнимателна комбинација. Ако сте модно освестени и сакате да си играте со нови парчиња облека, охрабрете се за посветол модел.
Ако сепак сакате да играте на сигурно, тогаш вистинско решение ви е темниот костум.